„Решавањето на црковното прашање е последниот голем државотворен испит што го положи Република Македонија. Со тоа, натамошно се зајакнувааат темелите на црквата и на државата, а граѓаните, со оглед на декларираното единство, уште повеќе меѓусебно се обединија. Во меѓународни рамки, Црквата и државата уште повеќе ќе се вмрежуваат натамошно афирмирајќи ги македонскиот јазик, култура и посебност.
Истовремено, тие на тој пат ќе се инспирираат од најдобрите примери на другите цркви во православната екумена, како и од нивните државни власти. Вселенскиот Патријарх Вартоломеј својата тридецениска служба ја крунисува со уште едно колосално дело достојно за голема почит и слава. И Архиепископит Стефан кој внимателно го управуваше кормилото на Црквата одигра важна улога која е предмет на широка народна благодарност.
Впрочем, заради ова, делото на двајцата поглавари преставува голем благослов и за сите нас бидејќи ја имаме ретката прилика да го посведочиме чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската Архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската Патријаршија“.
Ова на својот Фејсбук профил го напиша Александар Спасеновски – универзитетски професор на Правниот факултет.