Со црвена боја в лице испрскан рускиот амбасадор во Полска

Сергеј Андрејев – амбасадорот на Русија во Полска денеска бил испрскан со црвена боја во лицето додека положувал цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава.

Полицијата пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.

Марија Захарова – портпаролката на руското МНР изјави дека нападот врз рускиот амбасадор во Варшава го одразува курсот на Западот кон реинкарнација на фашизмот.

https://twitter.com/maryilyushina/status/1523605043387449345?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1523605043387449345%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fdenar.mk%2F264786%2Fekonomija%2Fsvet-ekonomija%2Fruskiot-ambasador-vo-polska-isprskan-so-crvena-boja