Со филмот „13-тиот ДЕН“ завршува 10-от фестивал „Богородичен покров“

- Во свет растргнат од прогон, војна и угнетување, три деца беа избрани да ја пренесат пораката на Пресвета Богородица за надеж на светот. Ова е едно од најголемите чуда на Пресвета Богородица во историјата на светот, кога Сонцето танцуваше на небото на 13 октомври 1917 година, во португалскиот град Фатима. Според критиките, ова е совршен и најдобро снимен филм на овој настан во историјата на кинематографијата, информира фестивалскиот тим.

Со проекција на „13-тиот ДЕН“, долгометражен игран филм од 84 минути, вечер ќе биде затворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

– Во свет растргнат од прогон, војна и угнетување, три деца беа избрани да ја пренесат пораката на Пресвета Богородица за надеж на светот. Ова е едно од најголемите чуда на Пресвета Богородица во историјата на светот, кога Сонцето танцуваше на небото на 13 октомври 1917 година, во португалскиот град Фатима. Според критиките, ова е совршен и најдобро снимен филм на овој настан во историјата на кинематографијата, информира фестивалскиот тим.

Филмот е во продукција „13TM DAY” Films, Обединето Кралство, 2009. Проекцијата е во 19 часот на Европскиот универзитет Скопје.

Во тек на фестивалот, чие 10-то издание беше отворено на 5 декември, беа прикажани документарни и долгометражни филмови посветени на културното, духовното наследство и хуманоста: „Успение на Пресвета Богоридца“, „Варава“, „Раѓање на Богородица“, „Светиот Архипелаг“, „Приказни од Атос“, „Стела“, „Доброчинител“, а се одржаа и неколку форуми за хуман и вредности насловени „Знаењето е здравје“.

„Богородичен покров“ се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а почесен претседател на фестивалот е митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.