Со секира ги нападнал поранешната парнерка и бебето во Загреб, детето починало во болница

Четириесет и едногодишен маж доцна синоќа во Загреб на патот Козара со секира нападнал жена (41) и дете (1,5), па побегнал и се фрлил под автомобил.

Од здобиените повреди детето починало во болницата во Загреб.

Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го усмртило на лице место.

Од Загребското јавно обвинителство најавија подоцна детали за случајот, бидејќи во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на овој напад, пренесува Индекс.хр.

Како што неофицијално дознава Јутарњи, синоќа околу 20:30 часот дошло до семејна расправија. Г.П. дошол во куќата во која живеела неговата поранешна 41-годишна партнерка со детето. Избила жестока расправија при што мажот со остар предмет ги нападнал жената и едно ипол годишното девојче.