Со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам – вели Филипче по повикот на Димитриевски за дуел

Слушам, Максим Димитриевски – пионот на Мицкоски – барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам. Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија? Или стравот е дека е разоткриен од граѓаните дека ги излажа на претходните избори?

Со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам – порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од вечерашниот митинг во Прилеп откако неговиот поранешен сопартиец, лидерот на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, го повика на ТВ-дуел.

Слушам, Максим Димитриевски – пионот на Мицкоски – барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам. Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија? Или стравот е дека е разоткриен од граѓаните дека ги излажа на претходните избори?

И треба да му биде страв зашто секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал. Сфати Максим дека луѓето полека се враќаат во СДСМ и бегаат од него, па лаже дека некој им прави притисок. Сфатија дека човекот кој ветуваше правда и вистинска социјалдемократска политика – лажел“, изјави Филипче.

Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

„Мицкоски и неговата банда, под превезот на лажниот патриотизам, донесоа ослабена економија, партизирана држава, плати кои стагнираат и цени кои дивеат. Мицкоски нема ниту чест, ниту љубов кон земјата и граѓаните. За него постојат само калкулации, спинови, лични амбиции и бизнис-зделки, истакна Филипче.

Во своето обраќање, Филипче истакна дека разликите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле поочигледни.

„Денес сме исправени пред избор меѓу две Македонии, меѓу две сосема различни иднини. Едната е нашата – Македонија на трудот, на знаењето, на граѓаните што сакаат да живеат во мир и достоинство. Македонија која го почитува и вреднува трудот на работникот и која го слуша и го почитува гласот на луѓето. И другата е нивната – Македонија на стравот, на поделбите, на омразата и на ароганцијата. Македонија каде власта контролира сè за сопствен интерес, каде мислењето на луѓето е неважно како ланскиот снег и каде иднината е неизвесна“, порача Филипче, од Прилеп.