Над 3.000 луѓе синоќа беа дел од мирниот протест за поддршка на бугарската Влада на плоштадот „Свети Александар Невски“ на јужниот влез на патријаршиската катедралa, јавуваат тамошните медиуми.
Барањата на насобраните беа Бугарија без корупција, како и да нема обединување меѓу партиите ГЕРБ, ДПС, „Препород“ и „Има таков народ“. Граѓаните носеа и бугарски и знамиња на ЕУ.
Министерот за транспорт Николај Шабев, министерот за иновации Даниел Лорер, како и јавните личности проф. Александар Ќосев и проф. Калин Јанакиев се приклучија на протестот за поддршка на владата. Луѓето извикуваа „Тука не е Москва“ и „Заедно“.
На протестот се приклучи и премиерот Кирил Петков придружуван од сопругата Линда и екс-претседателот на 47. Народно собрание Никола Минчев.
Премиерот Петков рече дека Владата нема да дозволи мафијата да ја преземе земјата.