Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прашање на Гласот на Америка коментираше дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор.
Toj смета дека одлуката е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.
„Ја повикуваме Србија да се држи до европски пат, вклучувајќи ја и надворешната политика согласно ЕУ“, рече Прајс.
„Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“, рече тој.