Со две ракети е уништен аеродромот во украински Днепар

Во украинскиот град Днепар денеска на аеродромот паднаа две ракети, соопшти гувернерот на тој регион. Според него, целосно е уништен аеродромот во четвриот по големина град во Украина.

Украинската команда објави дека руските сили продолжуваат со артилериските напади врз градот Харков и дека ја продолжуваат шестнеделната опсада на Мариупол.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски ракети лансирани од воздух погодиле украински системи за противвоздушна ракетна одбрана С-300 на две локации. Во руското соопштение се наведува и дека крстосувачките проектили лансирани од морето го уништиле штабот на една украинска единица во реонот на Днепар.