
Со голема брзина тргнал во спротивен правец – тројца загинати, четворица повредени
Како што дознава Телеграф.рс, поради несоодветна брзина, возачот на патничко моторно возило се движел во спротивна насока и директно удрил во друго возило.
Утринава околу 1 часот и 30 минути дошло до верижен судир кај Долни Милановац, во соседна Србија.
Сообраќајната несреќа се случила на државниот пат 1Б, кон хидроелектраната Ѓердап.
Како што дознава Телеграф.рс, поради несоодветна брзина, возачот на патничко моторно возило се движел во спротивна насока и директно удрил во друго возило.
Во оваа сообраќајна несреќа загинаа 3 лица, а 4 се повредени.