Со врзани раце и нозе, Вања била ставена во вреќа за спиење, во багажник на автомобил – тврди Спасовски

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во околината на Скопје, бил вмешан во организирањето на киднапирањето на девојчето со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски според првичните сознанија од истрагата.

„Како што веќе сте запознати, мотивот е користољубие при што,според првичните сознанија, едно од лицата во договор и со знаење на член од семејството го организирало извршувањето на кривичното дело со цел да се изнуват пари од мајката на малолетничката од којашто понатаму сите инволвирани би имале парична, односно материјална корист“ – изјави Спасовски.

Министерот сподели информација дека „Вања била фатена во влезот од домот, и биле врзани рацете и нозете, ставена во вреќа за спиење и потоа ставена во багажникот на автомобилот. Убиена е надвор од градот, според изјавата на инволвираните“.

„Главниот организатор и извшител со пиштол на 27 ноевмри, според досегашните утврдени докази, некаде околку 10 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага веднаш после првата приајва за тоа кривично дело“ – информира министерот.

Во врска со двата случаи, за 14-годишната Вања и за 74-годишниот велешанец осомничени се пет лица.

За тројца е определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице е таткото на девојчето.

Со него, како што информира Спасовски, е извршен распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на Обвинителството.