Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што го напушти местото на несреќата.
Се работи за 12 годишно момче, кое се здобило со полесни повреди во ногата.
Од СВР Скопје потврдија дека несреќата се случила на крстосница од улиците Московска и Женевска, а случајот бил пријавен вчера во 15 часот.