
Сојузот на филателистите на Македонија денеска ќе ја одбележи 75-годишнината од своето основање со промоција на поштенска марка издадена по повод јубилејот.
Промоцијата ќе се одржи во седиштето на Сојузот на филателистите во Скопје каде што пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Сојузот, Синиша Павлески, и генералниот директор на АД Пошта на Република Северна Македонија, Орхан Куртиши.
 
						