По повод денешниот празник сојузот на Македонците со исламска религија го честитаа празникот на сите верници кои го слават Христовото раѓање.
– Сојузот на Македонците со исламска религија на сите православни христијани им ги честита Бадник и Божик, со желби за многу здравје, среќа и бериќет, стои во честитката потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.
Ви посакуваме, се додава, во спокојство и хармонија да ги поминете празничните денови со најблиските, со роднините, пријателите и соседите.