Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани

Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.

Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион.

Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.

– Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и лично од него до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата, соопштија од Вселенската патријаршија.