Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Северна Македонија.
„Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот“, се наведува во нотата.
Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство.