Полицијата утрово го уапси Ж.Д.(61) поради сомнение дека ја убил сопругата А.Д.(57) во нивниот стан во белградската населба Раковица.
Според неофицијални информации, Ж.Д. наводно сам отишол во полициска станица и пријавил дека ја убил сопругата.
Соседите на овој брачен пар се во шок поради страшното злосторство што се случило. Како што велат, тие се вселиле во зградата во Раковица пред 10 години.
– Работела како столарка, дошле од Босна. Имаат две ќерки, едната е од првиот брак на жената. Таа никогаш не се пожали за ништо. Не знаеме што се случи, ништо не слушнавме – вели еден од соседите на овој брачен пар.
Телото на жената е пронајдено во станот. Пронајден е и нож со кој наводно била убиена, пишува „Блиц“.
Полицијата извршила истрага, засега не се знае кој е мотивот за трагедијата.