Сорос отпушта 40 отсто од вработените во својата фондација

Фонд отворено општество на милијардерот Џорџ Сорос планира да отпушти најмалку 40 отсто од своите вработени во наредните месеци.

Џорџ Сорос (92) неодамна му го предаде управувањето со Фондот на својот син Алекс, кој најави „значителни промени“ во бизнисот.

Тоа подразбира значително намалување на бројот на вработени, не помалку од 40 отсто на глобално ниво, изјави портпаролот на Фондот, пренесе Блумберг.

Фондот Отворено општество имаше повеќе од 500 вработени на крајот на 2021 година, а Џорџ Сорос донираше повеќе од 32 милијарди долари за него за непрофитни цели.

Како што наведуваат од тој Фонд, се занимаваат со донирање во хуманитарни цели и со цел развој на демократијата.

Фондот моментално го контролира најголемиот дел од деловниот имот на семејството Сорос во вредност од 25 милијарди долари.