Денеска попладне ќе биде погребан претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија Дарко Димовски кој почина викендов.
Како што вчера информираа од ССМ Димовски починал по кратко боледување
– Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, порачаа од ССМ.
Од Димовски се простија и премиерот Кoвачевски, како и голем број колеги, соработници и функционери.