Сопругот на Гордана Јанкулоска: Конечно, припадниците на злосторничкото здружение ќе треба да положат сметка
Откако денеска, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска соопшти дека Европскиот суд за човекови права објавил дека отвара, како што наведува таа, сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против неа, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, се огласи нејзиниот сопруг – адвокатот Влатко Илиевски.

Тој ја подготви нејзината апликација до ЕСЧП.
– Судскиот предмет ‘Тенк’ е case study во којшто се отсликуваат сите проблеми и целата трулост на македонското ‘пупка’ судство – срамно користење на прислушкувани разговори како докази, повреда на правото на одбрана (експресно судење, нееднаквост на оружјата и неконтрадикторност на постапката), отсуство на независност и непристрасност на судиите, повреда на пресумпција на невиност, немање пристап до суд па дури и отсуство на суд (трибунал) основан со закон. Конечно, припадниците на злосторничкото здружение ќе треба да положат сметка и да дадат одговори за своите бестијалности, што верувам е прв чекор до конечната цел – целосна рехабилитација на Гордана Јанкулоска и одговорност (професионална и кривична) за злотворите од ‘пупка’ судството и рекетарското СЈО3 – порача Илиевски.