Анастасија Котвицки, сопругата на екс-пратеник на украински Народен фронт – Игор Котвицки се обидела да пренесе во торби 28 милиони долари и 1,3 милиони евр.
Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува „Интерфакс“.
„Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку државната граница, на контролниот пункт `Вилок` во Унгарија. Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи“ – се вели во соопштението, пренесува „Интерфакс“.
Согласно украинските закони, за ова дело е предвидена казна е од 3 до 6 години затвор.