
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, апелира АМСМ.
Автомотосојузот потсетува и на законската обврска од 15 ноември за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.