Сообраќајка на пијана девојка, ја пробила оградата и автомобилот завршил на покривот

Хрватската полиција синоќа во 00:31 часот добила пријава за сообраќајна несреќа во местото Жупиќ, кај Петриња.

25-годишна девојка ја пробила оградата и автомобилот завршил во дворот од куќата.

Таа имала 1,3 промили алкохол во крвта. Во моментот на несреќата во автомобилот имало двајца 24-годишници.

Девојката која управувала со автомобилот и еден сопатник се полесно повредени, а другиот сопатник не е повреден.