Сообраќајка на патот Тетово – Скопје, едно лице починало на лице место

Синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинската станица Макпетрол, кога патничко возило излетало од патот и преминало на спротивната страна.

Според првичните информации, едно лице загинало на лице место.

Сообраќајот на оваа делница беше пренасочен, а надлежните служби работат на расчистување на местото на несреќата.

Полицијата спроведува истрага за причините што довеле до овој трагичен инцидент.