
Возило на Брза помош кое првично немало вклучена сигнализација се удрило со друго возило на раскрсницата на Партизанска кај Сити Мол. Повредени нема.
Второто возило по сударот удрило во столб на средината на раскрсницата покрај пешачкиот премин.
Полицијата вршеше увид. Сообраќајот се одвиваше отежнато, но сега е нормализиран.