Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во среда ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален дожд и грмежи.

Изолирана појава на нестабилност ќе има и во четврток.