Сончево и многу топло со температура до 43 степени

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови.

Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.

И утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.

Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.