
Солистички концерт на пијано на Дуња Иванова, со музика од Давор Јордановски
Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска и светска пијанистичка сцена.
Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од македонскиот композитор Давор Јордановски.
Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска и светска пијанистичка сцена.

Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот: Alma, La romance, Matin pourpre, Alors c’est toi!, Pure, Illusion, Le rêve non gouverné, Violet et noir, Papillon, Elena – дела што ја спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот.
Настанот е дел од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2025 година. Влезот е слободен.