Соиграчот на Елмас – најдобар фудбалер на Африка за 2023 година

Нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен е прогласен за најдобар фудбалер во Африка во 2023 година. Ова признание го доби на церемонијата на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.

Осимен минатата сезона беше најдобриот играч на Наполи, со кој ја освои италијанската Серија А и се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Тој во трката за оваа награда го победи Египјанецот Мохамед Салах, играч на Ливерпул и марокански дефанзивец на Париз Сен Жермен, Ашраф Хакими.