Делегација на Советот на амбасадори, предводена од неговиот претседател Мухамед Халили, заедно со членовите на Извршниот одбор, Тихомир Илиевски и Нано Ружин, имаше средба со украинската амбасадорка во Скопје – Наталија Задорожњук. На средбата биле разменети мислења околу секојдневните настани во Украина од почетокот на руската агресија, до денешниот ден.
Од Советот на амбасадори соопштија дека членовите од страна на амбасадорката Задорожњук биле информирани дека украинскиот народ е цврсто решен да ја одбрани сопствената татковина дури и по цена на големи жртви.
„Оваа војна за голем број генерации ќе биде престанок на пријателството помеѓу украионскиот и рускиот народ. Ова не е војна меѓу Истокот и Западот, меѓу Вашингтон и Москва туку меѓу Украина и Русија. Она што ја преокупира меѓународната и јавноста на Северна Мкедонија е тешката состојба со цивилното население кое е изложено на ракетните напади од страна на руската армија. При овие напади голем е бројот на постраданите деца, жените и останатото недолжно население. Патот до мировниот договор сеуште не е на повидок, туку само се зборува но не се договара“ – истакнала Задорожњук
Совет на амбасадори, се вели во соопштението, ги повтори неговите одамна изречени ставови дека го поддржува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, дека ги осудува ракетните напади врз цивилното население, жали за настраданите човечки животи, посебно за децата, жените и болните лица кои се лекуваат во болници.
„Воените дејствија во 21-от век Советот на амбасадори ги смета за неприфатливи и спротивни на меѓународното право и бројните конвенции и договори и бара под итно да престане војната и инвазијата во Украина. СА се залага за мирно решавање на овој спор кој го загрозува и светскиот мир, и нуди и морална и материјална помош за настраданото население“ – посочуват од Советот на Амбасадори.