
Советот на Град Скопје под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН
ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6, СДСМ - 5.
Двата клучни владини партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, имаат мнозинство во новиот Совет на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а ВЛЕН шест, што е мнозинство во советот кој има 45 члена. Еден советник има ЗНАМ, така што владејачката коалиција е во удобна позиција за идното раководење со градот.
ВМРО-ДПМНЕ освои 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Левица е второпласирана по бројот на гласови во Советот, со освоени 11,83 проценти од гласовите, односно 27.479 гласа, и шест мандати
Зад нив е коалицијата ВЛЕН со 11,77 отсто од гласовите и ист број мандати – шест. Потоа,
коалицијата НАИ на ДУИ, со освоено 11,64 отсто од гласовите со шест мандати. СДСМ е
петтопласирана во советот на Град Скопје, со освоени 10,59 отсто од гласовите, во мандати пет.
По еден мандат имаат Ристо Пенов од коалицијата „Искуство за успех“, Горанчо Котески од движењето ЗНАМ, и граѓанските листи „Независни заедно“ (Јана Белчева-Андреевска) и „Зелен хуман град“ (Марјан Калевски).