Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Досега се собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.

Досега се собрани 51.822.579 денари за за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.

Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот.

Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите и упатуваат голема благодарност до сите кои донираа.