Собранието ќе расправа за разрешување на членови на Судскиот совет, потврди Гаши
Спикерот Африм Гаши денеска потврди дека Собранието ќе расправа за разрешување на пет членови на Судскиот совет, но не без да го консултира Уставниот суд. Тој рече дека целта е да се избегне правна грешка, но и процедурата да биде во тек.

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет, според Гаши, на некој начин е отповикување на членовите и доволно добра причина за да се остварат најавите на власта за промени во ова стручно тело од правосудниот сектор.
„Негативниот извештај за Судскиот совет, тоа значи дека Собранието ги отповикува на некој начин и тоа значи дека може да отпочне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е предвиена во Деловникот, во комисијата за избори и именувања. Како биле назначени, така ќе бидат и разрешени“, изјави Гаши.