Во Собранието попладнево продолжи расправата по интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За збор се пријавени вкупно 41 пратеник.
Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ соопшти дека единствено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ штитат и бранат криминал заради тоа што, како што рече, дел се директно инволвирани во тоа, а дел имаат директна наредба од „белиот дворец“ и од Христијан Мицкоски.
Пратениците се на редовна пауза до 16 часот. Согласно Деловникот за работа, до полноќ треба да заврши расправата и да се гласа по поднесената интерпелација.