Собранието расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка

Собранието ја продолжи 81-та пленарна седница, на која пратениците расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

Седницата започна нешто пред 15 часот, но беше прекината по барање за едночасовна пауза од страна на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека е исклучок да се прекинува пленарната седница за претресот на ребалансот, која вообичаен се одржува пет работни дена непрекинато, заради некоја друга седница, за која, според неа, треба да се донесе одлука за нешто што не е во надлежност на Собранието.