Со 21 гласа за и 72 против Собранието ја отфрли интерпелација за собранискиот претседател Африм Гаши.
На гласањето пратениците на ДУИ не присуствуваа во салата, а претходно претставници на пратеничките групи од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.
И пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи се изјасни дека нема да гласа според препораките на неговата партија која гласаше за интерпелацијата.