Собранието изгласа недоверба на петте членови на Судски совет

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска, Миљазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и на Весна Дамева.

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска, Миљазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и на Весна Дамева.

Собранието гласа поединечни заклучоци според кои тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.

Павлина Црвенковска достави писмен одговор на интерпелацијата, но не ја образложи пред пратениците.

Собранието изгласа недоверба – Дамева остро: Мора ли да газите по живи луѓе?

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во името на предлагачите, нагласувајќи дека Судскиот совет станал полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.

Чачарова Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт

Според него, сведоци сме на долгогодишни системски слабости, судски скандали и институционални неправилности кои сериозно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

– Наместо да се гради правна држава во која сите се еднакви пред законите се почесто гледаме дека одредени структури уживаат заштита од одговорност додека обичниот граѓанин се соочува со бавни, неефикасни и често неправедни судски процеси, рече Ковачки.

На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ.