Собранието вечерва со 63 гласа „за“ и 35 „против“ (без воздржани) ги избра 16-те заменици-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.
Заменик-министер за одбрана ќе е Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки.
Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија – Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство – Абдулшуќур Абедини.
За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика – Енвер Хусејин.
За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура – Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски – Беким Реџепи и за животна средина – Христина Оџакиевска.
Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.