Собранието го констатираше престанокот на функцијата на Коцевски

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата. Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.

Претходно денеска во изјава за медиумите Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Предлогот за негово разрешување што требаше да се разгледува на 76. седница го оцени како политичка одлука. Кажа дека од функцијата што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“.

Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.

Владата до Собранието пред неколку дена достави предлог за разрешување на државниот јавен обвинител во којшто се посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради – направени крупни професионални грешки при раководењето на Јавното обвинителство; неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со Закон; нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Обвинителот Љупчо Коцевски поднесе оставка пред да го разрешат