Собранието на денешната последна пленарна седница за овој парламентарен мандат донесе неколку закони без никаква дискусија и дебата. Пратениците во рамки на последната 149. седница Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.
Со предложениот закон се стимулираат неделните, месечните и локалните медиуми и оние весници кои што се објавуваат на јазикот на националностите во Република Северна Македонија да продолжат со своето работење и издавање на својот јазик.
Предлогот за изменување и дополнување на Законот за медиуми предвидува финансиската поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми да се врши од предвидените средства од Буџетот на Република Северна Македонија, така што вкупната финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми, не смее да го надмине износот од 0.03 проценти од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.