Собранието ги доби имињата за нови министри – Сали и Хоџа влегуваат во Влада

Од македонското Собрание потврдија дека ги имаат примено имињата на новите министри.

Од македонското Собрание потврдија дека ги имаат примено имињата на новите министри.

Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, додека Мухамет Хоџа ќе биде министер за животна средина и просторно планирање.

Според соопштението на Собранието, најпрво ќе треба да помине во Собрание разрешувањето на актуелниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.