Руските системи за противвоздушна одбрана ноќеска соборија 101 украински беспилотни летало, главно над областа Брјанск, покраината Краснодар и Азовското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е наведено, 53 беспилотни летала биле пресретнати и уништени над регионот Брјанск, 18 над регионот Краснодар, пет над регионот Калушка, по три беспилотни летала над регионите Твер и Белгород и по еден дрон над областите Смоленск и Курск и Крим. 16 украински беспилотни летала беа соборени над Азовското Море.
Руските воздухопловни сили синоќа со наведувани бомби го нападнаа центарот на украинскиот град Харков, соопштија локалните власти. Во градот одекнале експлозии, а за гранатирањето информирал Олег Синегубов, шеф на регионалната воена управа во Харков.
-Бидете внимателни – можни се повторени напади, предупреди градоначалникот на градот, Игор Терехов на Телеграм. Според него, руските сили нападнале три области во Харков.