
Обилен снег во саботата предизвика прекини на струја и бројни сообраќајни несреќи во Чешка, Полска и Словачка.
Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво на селски пат, објави новинската агенција ЧТК.
Во полското село Ваврцки, југоисточно од Краков, на 70-годишна жена останала без кислород и починала.
Противпожарното возило кое требало да и достави ново боца со кислород излетало од патот поради снег и не стигнало на време, соопшти ПАП.
Во Полска 100.000 домаќинства останаа без струја поради снежното невреме.
Слично е и во Словачка, каде што илјадници домаќинства беа отсечени поради снегот. Полицијата извести за бројни сообраќајни несреќи во таа земја предизвикани од лошото време.