Од 8 до 11 часот утринава во Загреб, поради снегот паднале вкупно 21 дрва на патишта, паркинзи, автомобили и фасади.
Граѓаните упатија повици за помош од различни населби, а на некои пожарникарите мораа да се вратат во за три часа, како Подсусед и Врапча, пишува „Јутарњи лист“.
Во 11:30 часот Градот соопшти дека полицијата и Зимската служба на неколку часа ќе го затворат сообраќајот на „Сљеменска“ поради преголемиот број возила кои ја попречуваат работата на службата и безбедноста во зимски услови.