
„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал“: Тони Михајловски за состојбата во културата
Актерот Тони Михајловски, упати остри критики за состојбата во културата. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден, а синдикатот протестираше и обвини дека надлежните се обидуваат да им ги скратат платите.
Актерот Тони Михајловски, упати остри критики за состојбата во културата. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден, а синдикатот протестираше и обвини дека надлежните се обидуваат да им ги скратат платите.
„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината“, напиша Тони Михајловски во објавата и додаде:
„Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан. Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар. Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура сосе туризам. Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние се уште немаме плата. И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“.