Од утрово без налог, без решение или каков било друг доказ, инспекторите на Агенцијата за храна (АХВ) и ветеринари, придружувани од лица со оружје, упаднаа во ЗОО Скопје и ги масакрираа птиците. Неоправдан0 овие лица по наредба на директорот на АХВ и до овој момент без докази убиле неколку десетици птици кои слободно се шетале во зоолошката градина.
Станува збор за украсен вид гуски и патки кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап до зоолошката градина од градскиот парк, информираат од скопската зоолошка градина, пишува Политика.рс., за настанот кој ја потресе македонската јавност
Телеграф.рс, пак, пишува дека Зоолошката градина во Скопје наводно од утрово е затворена, а персоналот бил евакуиран откако, според Курир, била пронајдена опасна бактерија.
Како што пишува Курир, кај гуски е пронајдена бактерија која може да се пренесе на луѓето, а во изминатите неколку дена наводно угинале неколку гуски.
Србија данас пак, пишува „Зоолошката градина во Скопје наводно од утрово е затворена, а персоналот бил евакуиран откако, според Курир, била пронајдена опасна бактерија.
Во гуски е пронајдена бактерија која може да се пренесе на луѓето, а неколку гуски наводно умреле во изминатите неколку дена, пишуваат српски медиуми.
Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓе Галетановски на својот Фејсбук напиша дека се работи за птичји грип.
„Во зоолошката градина во Скопје е пронајдена смртоносната бактерија на птичји грип. Во моментов градината е затворена, посетителите се евакуирани, а инспекторите веќе влегоа внатре. Апелирам до посетителите и колегите кои претходните денови ја посетија градината да се проверат “, напиша Галетановски“, стои во објавата.
И во странските медиуми пишува за инцидентот.