
Судскиот совет ќе го истражува работењето на петте судии од Апелација кои Таргет-Тврдина го вратија на повторно судење.
Работна група ќе истражува дали се одолговлекувала постапката,и дали учествувал судија кој требал да биде во пензија.
Од Апелациониот суд велат дека предметот го добиле во октомври лани, јавната седница ја одржале во март, па по 14 месеци работа одлучиле Таргет-Тврдина да го вратат на повторно судење. Во пресудата не биле наведени дејствијата на Мијалков и останатите обвинети.
Од судот потенцираат дека тоа не се случило додека постапувале по предметот.
Покажал дека предметот предолго бил во Апелација, па се поизвесно е дека во повтореното судење, ќе застарат кривични дела за Мијалков и останатите обвинети – покажал мониторингот на Коалицијата сите за правично судење
Таргет-Тврдин, Трезор,Транспортер и Алфа се 4 предмети за кои Судскиот совет ќе изврши контрола во Апелација.