Слоу Фуд Салон 2025 „Зедно со природата!“

Како што најавуваат организаторите, оваа година, ќе го истражуваат длабокиот однос помеѓу човекот и природата, инспирирани од мислата на Алберт Ајнштајн: „Погледнете длабоко во природата и тогаш сè ќе разберете подобро“.

Четвртото издание на Слоу Фуд Салон 2025, ќе се одржи на 13 декември во Скопје под мотото „Заедно со природата“.

Како што најавуваат организаторите, оваа година, ќе го истражуваат длабокиот однос помеѓу човекот и природата, инспирирани од мислата на Алберт Ајнштајн: „Погледнете длабоко во природата и тогаш сè ќе разберете подобро“.

-Во време кога се оддалечуваме од нашите корени, Слоу Фуд ја покажува патеката кон обновување на врската со природата и еко-системот. Токму затоа овој салон не е само настан, туку повик за промена: премин од трошење на природни ресурси во регенеративна фаза која ја обновува и почитува земјата, водата и сите живи организми, стои во соопштението. Посетителите ќе може да уживаат, истражуваат и вкусуваат на Саемот на производи на храна – запознавајќи ги локалните и регионалните производители од целата Македонија кои ја негуваат традицијата и произведуваат добра, чиста и правична храна. Тука е и Салонот на пијалоци, што е идеална можност да се откријат и вкусат пијалаци произведени со почит кон природата, стои во соопштението.

На Слоу Фуд Арената, се додава, ќе се одржат и три форуми каде ќе се судруваат идеи и ќе се водат отворени разговори кои ја обликуваат нашата врска со природата: Едукација за одржлива иднина, Агроекологија и Слоу Фуд фарми и Слоу Фуд Травел.

Најавени се атрактивни мастер класови и дегустации, богатата палета на Миксологијата – локалните пијалаци во нови комбинации, потоа школо за готвење – новитет каде ќе се изучува природната храна и природните процеси, рецепти за ферментирање и подготовка на храна, а вистинска авантура ќе биде да се истражи Павиљонот Маслинкарник…

Детското катче е специјално подготвено за најмладите, а во него, децата ќе учествуваат во четири креативни работилници кои ќе ги поврзат со природата и храната: „Шепот на природата“, „Природна сложувалка“, „Разговор со природата“, и „Малите чувари на живиот свет“.

Слоу Фуд Салонот е подржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската организација We Effect.

Манифестацијата ќе се одржи на 13 декември 2025 (сабота) во хотел Континентал, од 11 до 20 часот.