Словенија ја зголеми минималната плата на 1.000 евра
Минималната бруто плата во Словенија за 2026 година ќе изнесува 1.481,88 евра, откако одлуката ја потпиша министерот за труд и беше објавена во Службен весник на 30 јануари. Вработените со полно работно време кои примаат минимална плата можат да очекуваат околу 1.000 евра нето месечно, а одлуката има значајни последици и за низа други социјални и работни бенефиции.

Со објавувањето на одлуката во Службен весник на Словенија, испочитуван е законскиот рок според кој минималната плата мора да се утврди најдоцна до 31 јануари секоја година. Новиот износ важи за целата 2026 година и се однесува на сите вработени кои работат со полно работно време.
Министерството за труд појаснува дека законот предвидува минималната плата да биде меѓу 20 и 40 проценти над минималните трошоци за живот. За 2026 година, овој опсег се движел од 1.372,03 до 1.648,28 евра бруто. Министерот првично одлучил минималната плата да изнесува 1.442,92 евра бруто, а по усогласувањето со инфлацијата од 2,7 проценти, конечниот износ достигнал 1.481,88 евра.
Како што наведуваат од Министерството, целта на ваквиот модел е минималната плата да не биде само формална категорија, туку реален инструмент што им обезбедува на работниците основна финансиска сигурност и услови за достоинствен живот.
Зголемувањето на минималната плата има и поширок социјален ефект, бидејќи со овој износ се поврзани и бројни други законски утврдени надоместоци. Автоматски се зголемуваат минималните надоместоци за невработеност, часовните плати за студентска работа, надоместоците за лични асистенти, како и други социјални и работни бенефиции, што значи дека одлуката директно влијае на значително поголем број граѓани.