Словенија и Франција се понудиле да ни помогнат во гасење на пожарите

– Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме контрола над сите ресурси, и локалните и националните. Ресурсите нема никогаш да бидат доволни, но ние оптимално ги распоредуваме, каде што е неопходно. Наш критериум број еден во справувањето со пожарите се човечките животи, а потоа е и имотот на луѓето, рече денеска раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС Стојанче Ангелов.

Директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес конференција информира за состојбата со пожарите на отворен простор на територијата на државата.

– Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме контрола над сите ресурси, и локалните и националните. Ресурсите нема никогаш да бидат доволни, но ние оптимално ги распоредуваме, каде што е неопходно. Наш критериум број еден во справувањето со пожарите се човечките животи, а потоа е и имотот на луѓето, рече денеска раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС Стојанче Ангелов.

Тој на прес-конференција информира дека денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворено, од кои девет се активни, а шест се ставени под контрола. Сѐ уште најтежок за гаснење е пожарот кај Готен, но тешки се и оној над селото Ќосевица кај Македонска Каменица, каде делумно е зафатена борова шума и има капацитет да се равзие, како и пожарот во Чашка кај селото Ореше каде гори ниска вегетација, но и букова шума.

Ангелов соопшти дека пред малку Словенија и Франција испратиле понуди за помош од тимови со по 50 пожарникари и специјални возила за гаснење пожари. Понудите се разгледуваат и дополнително ќе се одлучи како ќе се постапи.

-Температурите иако се намалија, сѐ уште се погодни за пожари. Граѓаните да бидат исклучително внимателни и да го пријават секое сомнително поведение, порача Ангелов.

Вчера имало најмалку 51 пожар на отворен простор. Бројката, оцени директорот на ДЗС, е алармантна, а причините се веќе спомнати во повеќе наврати.

– Дел од пожарите се предизвикани поради небрежност на граѓани, но за повеќето имаме индиции, па и докази дека се намерно подметнати. Мотивите се различни, економско-криминални. Некој се надева дека ќе може да ја сече изгорената шума. Постојат и патолошки мотиви – пиромани, но тие не би запалиле оган до населено место каде би биле видени, фатени, снимени,… Дел од подметнувањата се во делови со неквалитетна шума и тука нема логично објаснување, па за мотивите може да се претпоставува, рече Ангелов.