
Словенија донесе закон: Ќе работат помалку оние кои се блиску до пензија
„Петок слободен ден, продолжен викенд или шест часа работа дневно. Работниците над 58 години или оние со најмалку 35 години стаж ќе можат да се договорат со своите работодавци за таква работна недела“, објави државниот секретар на Министерството за труд, Дан Јуван, на социјалните мрежи.
Словенија воведува пократка работна недела за работници над 58 години или за оние со најмалку 35 години стаж, почнувајќи од 1 јануари следната година. Овие работници ќе имаат можност да изберат помеѓу слободен ден во петок, продолжен викенд или скратено работно време од шест часа.
„Петок слободен ден, продолжен викенд или шест часа работа дневно. Работниците над 58 години или оние со најмалку 35 години стаж ќе можат да се договорат со своите работодавци за таква работна недела“, објави државниот секретар на Министерството за труд, Дан Јуван, на социјалните мрежи.
Ова е модел што Министерството за труд го нарекува „80-90-100“, што значи дека вработените ќе работат 80 проценти од стандардното работно време, ќе добиваат 90 проценти од својата плата, додека придонесите ќе бидат исплатени во целост, 100 проценти.
Оваа опција ќе им биде достапна на работниците од 1 јануари следната година, а законот што ја овозможува веќе е донесен. Иницијативата е дизајнирана да ги подобри условите за работа и продуктивноста, особено за постарите вработени или за оние со подолг стаж.